
Acer
Тајванскиот Acer кој прерасна во втор по големина светски производител на компјутери, подготвува ултратенок преносник со дебелина од само 1,9 cm, кој треба да му биде конкуренција на MacBook Air на Apple.
Преносникот кој сеуште нема име ќе има куќиште со иста дебелина како и Apple MacBook Air, кој веќе подолго време ја носи титулата најтенок преносник на светот.
Acer сеуште нема објавено никакви дополнителни детали, ниту прецизен датум од кога планира да го пушти во продажба овој преносник, освен недефинирана најава дека тоа ќе се случи годинава.
Тоа што во моментов е познато е дека преносникот ќе ги користи Core i5 и Core i7 процесорите на Intel.
Д.Л.