
berlinale.de
Со проекцијата на љубовната драма "Раздвоени заедно" ("Apart Together") вчера во Берлин започна 60-то издание на Берлинскиот филмски фестивал.
Овогодинешното Берлинале започна со драмата на кинескиот режисер Ван Куанан, која говори за љубовта на двајца стари љубовници кои живееле разделно - едниот во комунистичката Кина, а другиот во Тајван.
Овогодинешниот Берлински фестивал го отвори уметничкиот директор Дитер Кослик, заедно со претседателот на жирито - германскиот режисер Вернер Херцог.
На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 400 филмови, а како фаворити за освојување на Златната мечка се британскиот режисер Мајкл Винтерботом, Јапонецот Коџи Вакаматсу и Данецот Томас Винтербер.
Фестивалот ќе трае до 21-ви февруари, а церемонијата на доделувањето на наградите ќе се одржи еден ден порано.
Д.Л. | Кајгана