Уште минатиот август Квентин Тарантино најави дека „во далечна иднина“ планира да сними вестерн филм, но успехот на Inglorious Basterds се чини дека ќе ја донесе „далечната иднина“ многу побрзо.

„Би сакал да правам вестерн. Но наместо да го сместам во Тексас, би го правел во времето на робовладетелство. Ова е тема од која сите како да бегаат. Ајде малку да фрлиме светло на тој дел од нашата историја, од нас самите. Можеш да направиш тешка историска лекција за тоа како робовите бегале со помош на подземните железници. Или може да направиш филм кој ќе биде возбудлив. Да се направи како авантура. Шпагети-вестерн кој се одвива во тоа време. Би го нарекот „Southern“ (јужен)“, изјави Тарантино.
Taragana.com претпоставува дека филмот на Тарантино може да биде посветен на животот на Џон Браун (1800-1859), најистакнатиот борец против робството во времето на „крвавиот Канзас“ - според зборовите на режисерот, неговиот омилен лик од американската историја.
Браун бил фанатичен борец против робството кој сметал дека тој срам треба да заврши со тоа што сите робовладетели ќе бидат убиени, а после неуспешниот напад на сојузниот арсенал Harper's Ferry е уапсен и обесен.
Ако се водиме по приказната за „неславните копилиња“, веројатно во филмот Браун би извојувал победа и би успеал во укинувањето на робството неколку години пред граѓанската војна.
Б.И. | Кајгана