Изгледа дека Стивен Спилберг повторно "ќе им се врати" на диносаурусите. Спилберг, заедно со продуцентот Питер Черних, преговараат со компанијата Фокс Бродкестинг за снимање на драмска серија со предисториско сценарио.
Според Variety, серијата ќе го носи називот "Terra Nova", a ќе го следи едно семејство кое патува 150 милиони години во минатото, кое се сретнува со праисторискта Земја.
Сценаристи на серијата се Крег Силверстајн и Кели Марсел.
Д.Л.