Шпанските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем се венчаа на почетокот на јули на Бахамите.

Веста беше потврдена од страна на претставничката за медиуми на Пенелопе Круз, Аманда Силверман, која преку електронска порака ја извести новинската агенција „АП“ дека венчавката на Пенелопе Круз (36) и Хавиер Бардем (41), се одвивала во домот на еден нивен пријател и дека на церемонијата присуствувале само неколку членови на семејството.
Невестинскиот фустан бил креиран од долгогодишниот пријател на Пенелопе а воедно и највлијателниот моден дизајнер, Џон Галијано.
Единствениот филм во кој новиот брачен пар играа заедно е романтичната комедија "Љубов во Барселона" во (2008-та) од Вуди Ален, за кој Пенелопе Круз беше наградена со „Оскар“ за споредна улога.
Бардем, исто така, освои Оскар за споредна-за улогата во трилерот "Нема земја за старци" во 2007-та година.