Saw стана дел од филмската историја, но и Гинисовата книга на рекорди како најуспешен хорор серијал на сите времиња кој од своето деби во 2004 заработи вкупно 733 милиони долари.

„Се уште сум во шок. Фактот дека ги победивме “Friday the 13th“, “Nightmare On Elm Street“ и “The Texas Chainsaw Massacre“ е голема чест за нашите глумци, целокупната екипа и нашите партнери“, изјавил продуцентот на Saw, Марк Бург, вчера за време на доделувањето на наградата на Comic-Cоn конференцијата во Сан Диего.
Досега се снимени 6 продолженија на приказната во која Тобин Бел го глуми серискиот убиец кој на своите жртви им поставува разни замки, а седмиот и последен дел кој ќе биде прикажан во 3Д технологија се очекува оваа есен.
“Завршивме; тоа е тоа. Во секој Saw филм остававме отворени прашања, а во ова продолжение го одговараме секое прашање што публиката го имала“, рекол Бург за Reuters коментирајќи го последниот дел на овој хорор серијал.
И.Е. | Кајгана