Критиките се едногласни - станува збор за ремек дело! Зарем од Кристофер Нолан, „новиот Хичкок“ некој очекуваше помалку?
Човекот кој го промени светот на киното со делата како Memento, Insomnia, Prestige и го спаси Бетмен со The Dark Knight, со првиот трејлер за своето ново чедо ни даде до знаење дека Inception е некаква бизарна мешавина на Matrix, класичен холивудски трилер и нешто што никогаш не сме виделе - а сакаме!
Актерската постава ја предводат Леонардо Ди Каприо, јапонската икона Кен Ватанабе, Елен Пејџ и Том Беринџер, какои оскаровците Марион Котиљар и Мајкл Кејн.
Ди Каприо глуми човек кој поседува можност да влезе во соништата на луѓето и преку нив да им вметне или да им одземе одредени информации. Истовремено членовите на неговиот тим се обидуваат да украдат иновативна идеја која би можела да го промени светот.
Звучи лудо? Така и изгледа. Изворно замислен како хорор, Inception го задржува духот на мистеријата, но сепак е развиен во сосема друг правец, а ако им верувате на критичарите, имајте на ум дека Rotten Tomatoes бележи 85% позитивни рецензии, на база на дури 141 напишани и прочитани такви.
Владата на последната седница донела одлука за смена на неколкумина директори. Премиерот Никола Груевски потврди дека на седницата биле донесени кадровски решенија, но повеќе детали најави за утре...
Освоениот медал на Медитеранското првенство кое минатиот викенд се одржа во Кушадаси, Турција за Македонија претставува најголем успех во досегашната историја на женското карате во екипна конкуренција во дисциплината борби...
Еве зошто е подобро да "аднете" што повеќе девојки на вашата листа на пријатели кои сурфаат на бранови, отколку девојки кои сурфаат на интернет. Галерија со 30 фотографии.
Неодамна на Live Leak се појави снимка на која можете сосема фино да видите што се случува кога патувате со огромен модерен брод - крузер, а ваш противник се брановите кои достигаат и до петтиот кат од бродот. Како партали летаат...
Еден брачен пар во Нов Зеланд фатил двајца вандали кои со графити наводно им ја уништиле оградата па ги натерале да играат (?!) додека ја чекаат полицијата да дојде и да ги уапси. Се е снимено, нормално...
Не ви го препорачуваме клипов доколку подоцна во текот на денот планирате да се разладите со свежа сочна лубеница. Не за друго, туку ќе се демотивирате моментално. Како зошто? Џеки ќе ви го каже вицот...
Ако сеуште не ви е јасно за што служат справите на кејот на Вардар, не можевте да најдете подобро демонстративно видео од ова. Во продолжение, следуваат повеќе од 8 минути интензивни...
Извадок од некое глупо американско шоу во кое (замислете) треба да го погодите витезот со чатал на лубеници. По силното бодрење од страна на водителката и очекуваниот хедшот-фејл кој речиси го остави девојчето без глава, следува...
Еве една добра компилација на моменти во кои или во рајот правеле попис, или се воведувал биометриски систем на лични исправи па имало огромна гужва, поради која среќнициве куртулиле блиска средба од ултимативен вид со воз...
Игра како создадена за ден пред викенд. Релаксирачка, но сепак доволно интересна за да украде квалитетен дел од вашето време. Целта е да ги запалите проѕирните топчиња. Следете го туторијалот на почеток.
Ставете се во улога на озлогласената платеничка позната под името Џејн Доу и тестирајте ги вашите атентаторски способности. Ваша цел е успешно да го комплетирате договорот и да побегнете од местото на злосторот.
Вака некако изгледа Супер Марио кога ќе изеде премногу "волшебни печурки". Иако значително модифицирана, гејм плејот на оваа игра е ист како и на оригиналната - јадете печурки и бегате од лошите.
Лесна, летна игрица, која ќе ви помогне да ги пребродите периодите на досада на работното место. Целта е да го балансирате црвениот шестоаголник на лостот. И токму кога ќе помислите дека би можеле така и цел ден...
Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.
За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?