» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Hurt Locker, најдобар филм во Британија

22.02.2010 | Филм и ТВ

Воената драма Hurt Locker ја освои британската филмска награда БАФТА за најдобар филм и најдобра режија, а собра уште четири награди на свеченото доделување синоќа во Лондон.


Фото: bafta.org

Со ова режисерката на Hurt Locker Кетрин Бигалоу го засени хитот Avatar на нејзиниот поранешен сопруг Џејмс Камерон. Двата филма беа номинирани во 8 категории, а водат и по бројот на номинации за Оскарите кои ќе бидат доделени на 7. март.

Наградата БАФТА за најдобар актер ја доби Колин Фирт за улогата во A Single Man, а мало изненадување се случи во категоријата во која се бираше најдобрата актерка - победата ја однесе Кери Малиген за улогата во An Education.

Бигалоу стана првата жена која добила БАФТА за режија, а после доделувањето изјави: „Се надевам дека оваа награда нема да е последна. Борбата за еднаквост на жените е трајна борба, а ако оваа моја победа е уште еден зрак на светлина, тоа е прекрасно“.

Сценаристот на Hurt Locker Марк Боал ја доби БАФТА-та за најдобро оригинално сценарио, а филмот доби уште три награди во помалку експонирани категории.

Џејмс Камерон се наоѓаше во публиката, а неговиот Avatar, комерцијално најуспешниот филм во историјата, освои само две статуетки, за посебни визуелни ефекти и за продукциски дизајн.

БАФТА наградите обично ги фаворизираат британските филмови и филмски работници и не се сметаат за добар барометар за претстојните доделувања на многу попознатите Оскари.

На доделувањето во Кралската опера во Лондон меѓу другите присуствуваа и Квентин Тарантино, Кејт Винслет и принцот Вилијам, кој е именуван за нов претседател на БАФТА, заменувајќи го на тоа место британскиот режисер Ричард Атенборо.

Б.И. | Кајгана

Kajgana.com
Македонија
29.07.2010 | 17:59

Додека протестираа 20 тина луѓе пред седиштето на опозициската партија, поголем број  стечајци од здружението УНИТ од Куманово се собраа пред Собранието...

Kajgana.com
29.07.2010 | 13:58

Прославениот англиски фудбалски гигант Ливерпул вечерва во Скопје ќе игра против Работнички, во рамките на третото квалификациско коло во Лига Европа...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Си беа две панди...

Две панди уживаат во семејна идила - мајката опуштено грицка бамбус, додека покрај неа спокојно спие бебето панда. И се е така мирно и слатко, додека...бууум! На мајката не и беше јасно што ја снајде, а и панда бебушот беше збунет...

Kajgana.com

Хокеарски страсти

Хокејот е груб спорт, а хокеарите гневни луѓе, па мразот често се претвора во бојно поле. И од многуте хокеарски тепачки ви ја издвојуваме најдобрата борба на сите времиња. Особено внимание обратете на акцијата во 24. секунда...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media