Двојката Скорцезе - Ди Каприо уште еднаш се покажа како успешен тим. Заедничкиот проект, филмот “Shutter Island“, изминатиот викенд ги преполни кино салите.

“Shutter Island“ претставува четврт филм во кој Леонардо Ди Каприо и Мартин Скорцезе соработуваат во последниве девет години, а воедно и втор филм на ова дуо што го завземал првото место според гледаност.
Филмот е сместен во 1945. година. Полицаецот Теди Даниелс (Ди Каприо) го истражува исчезнувањето на осудениот убиец кој побегнал од лудница и за кој има сомнежи дека се крие на зафрлениот остров Шaтер. Покрај Леонардо Ди Каприо, во “Shutter Island“ глумат и Марк Руфало, Бен Кингсли и Мишел Вилијамс.
Филмот беше неодамна прикажан на 60. Берлински фестивал, а во американските кина требаше да почне да се прикажува уште во октомври минатата година, но поради рецесијата Paramount Pictures ја помести премиерата за овој февруари.
И.Е. | Кајгана