Славниот актер Кифер Сатерленд кој со години се бори со зависностите, е хоспитализиран поради проблеми со бубрегот.

Ѕвездата на популарната акциска серија „24“ мораше да го прекине снимањето поради операција која мораше да ја направи поради прскање на една циста во близина на неговиот бубрег, јави вчера Los Angeles Times.
Продуцентската куќа 20th Century Fox соопшти дека снимањето ќе се одложи се додека Сатерленд не се опорави, а не се очекува дека оваа пауза ќе трае предолго. Прекин во емитирањето на серијалот на ТВ нема да има.
Популарниот агент на антитерористичкиот одред Џек Бауер успешно ќе лови криминалци и идната сезона. Серијата се прикажува од 2001. и претставува проект со кој Сатерленд конечно успеа да се искачи на врвот на популарноста.
Б.И. | Кајгана