
Diario Popular
И покрај тоа што нејзиниот тим беше елиминиран од Шпанија, најпопуларната парагвајска навивачка Лариса Рикелме конечно го исполни нејзиното ветување и се соблече гола. Жена од збор.
Лариса го привлече вниманието на јавноста (а како да не го привлече) со секси фотографиите од мундијалските натпревари. Откако стана популарна, вети дека доколку Парагвај ја победи Шпанија, таа ќе трча гола по улиците на главниот град.
Но, Шпанија го победи и елиминираше Парагвај, а на навивачите, медиумите и јавноста им се скрши филмот во врска со ветувањето кое го даде Лариса. Но, и покрај поразот, Лариса реши да ги почасти очите на сите кои навиваа за Парагвај (а и на оние кои не навиваа, само се надеваа дека ќе ја видат како од мајка), па се фотографираше гола за дневниот весник Diario Popular.
Баталете ја Лариса. Ние навиваме за Холандија. Имаме добра причина.
Д.Л.