Свадбите се прилики за кои луѓето ќе направат се за да бидат незаборавни. Особено кога се венчаваат зет и невеста од „високата класа“. Ама кога во комбинација ќе влета и еден напален слон, „незаборавното“ добива нова димензија.

Во Њу Делхи, Индија, син и ќерка на членови на индискиот парламент застанаа пред олтарот за да стапат во брак. Нивната венчавка, за да биде вистински спектакуларна, вклучувала свита од 13 слонови, 15 камили и 42 коња. Проблемот се јавува кога 35-годишниот слон Шеру одлучува да си пронајде женска.
Неговиот дресер заборавил дека токму во тој период Шеру влегува во оние седум дена во годината во кои секој слон е исклучително агресивен и во очајна потреба од партнерка. Еве како слонот одлучил да ги потсети сите, да не заборават за друг пат...
Со пукањето на првите славенички пушки, Шеру разулавено тргнал во стампеден јуриш кој траел 15 часа во кој меѓу другото го запрел сообраќајот во Њу Делхи, уништил солиден дел од еден трговски центар, превртел десеттина и наводно „се качил“ на барем еден автомобил, пишува indianexpress.com.
Преку 100 полицајци се обидувале да го запрат напалениот слон, но без успех. До два попладне наредниот ден Шеру барал слоница со која ќе може да го потроши вишокот на енергија.
Тогаш, конечно, специјалист со пушка за успивање успеал да го скроти.
Значи, ова е рецептот за незаборавна свадба: земате напален слон...а сите други состојки се незначајни :)
Б.И. | Кајгана