Познатиот германски производител на автомобили Ауди соопшти дека на вработените во своите фабрики низ Германија ќе им исплати бонус од по 3.500 евра, за што се обезбедени 97 милиони евра.
Без оглед што 2009 година беше една од најтешките за автомобилската индустрија, Ауди одлучи да не ја напушта досегашната практика за наградување на своите вработени.
Раководството на компанијата смета дека изминатата фискална година е завршена со релативно добри резултати, бидејќи продажбата за возила опаднала само за 5,4 отсто.
Во изминатата година „Ауди“ успеа да продаде 949,700 возила, додека во 2008 година, кога на работниците им беше исплатен бонус од 3.600 евра, биле продадени 1.003.000 возила.