
Фото: VW
На општо изненадување, Volkswagen ја симна маската од новиот Touаreg, иако овој потег се очекуваше да се случи на авто-салонот во Женева. Новиот Touareg е граден на платформата на новиот Porsche Cayenn, а во однос на претходникот е полесен за 208 килограми.

VW Touareg на почетокот ќе се нуди во комбинација со три мотори, од кои едниот ќе биде хибрид надополнет со електромотор. Хибридот ќе користи 3.0 литарски V6 мотор на Audi, кој заедно со електромоторот сместен помеѓу моторот и преносот ќе развива 380 КС и ќе забрзува до 100 км/ч за 6,5 секунди. за брзина до 50 км/ч ќе биде способен да вози исклучиво на електричен погон, а во комбиниран циклус ќе троши 8,2 литри гориво на 100 километри.

Во основниот модел ќе биде вграден V6 common-rail дизел агрегат со 240 КС. Третиот мотор во понудата ќе биде 4.2 литарски V8 TDI со 335 КС.
За првпат, сите мотори во понудата ќе бидат спарени со осумстепени менувачи, а попребирливите возачи ќе можат да го одберат Terrain Tech пакетот кој нуди редуктор.

Сепак, официјалното претставување на новиот Touareg ќе случи во Женева на почетокот од март.
Д.Л. | Кајгана