Јаguar започна со работа на наследникот на моделот X-Type, односно нова фамилијарна лимузина на која главни конкуренти ќе и бидат BMW 3, Audi A4 и секако, Mercedes C класа.

Иако претходникот беше релативно неуспешен модел, во Jaguar се надеваат дека со неговиот наследник ќе направат нов хит налик успехот на моделите ХF и XJ.
Кон оваа цел новиот Х-Туре би требало да успее благодарејќи на модерниот дизајн, подобрената моторика како и новата алуминиумска модуларна платформа. Успехот на моделот на компанијата и е од голема важност бидејќи „Џег“ сака да се вклучи во вистинска борба со своите германски конкуренти, а ваквите модели се носители на целокупната продажба. Затоа, може да се претпостави дека ништо нема да биде препуштено на случајот.
Вкупниот резултат би требало да биде лесно и управливо возило со погон на задните т.е. на сите четири тркала. Основата на моторизацијата ќе ја сочинува 4-цилиндричен турбо бензиски и дизел мотор, додека на врвот на понудата ќе бидат V6 машините. Исто така на пазарот би требало да се појави и хибриден модел.
Новиот Jaguar X-Type, иако веројатно не под ова име, можеме да го очекуваме во 2012. година.
Б.И. | Кајгана