Автомобилот наречен "Финџет", кој е дело на американскиот уметник Анти Рахко и составен од две каросерии на Мерцедес 300 ТД и 40 делови од други автомобили, се продава за 700 илјади евра.

Автомобилот наречен “Финџет“ е составен од две каросерии на Мерцедес 300 ТД и 40 делови од други автомобили, има 86 светла и 40 огледала.
Рахко вградил и делови од Крајслер Империјал од 1962 година, а за “изработката“ на ова возило му требала една година.
Конечниот производ тежи 3,5 тони, има вграден шпорет, фрижидер, телевизор, два клима уреди, како и сауна.
Рахко со овој автомобил патувал и до Канада, а повремено возел патници на аеродром или младенци на венчавка, но поради нарушеното здравје принуден е да го продаде.
Тој за автомобилот бара 700 илјади евра, но нема многу заинтересирани купувачи. Највисоката понуда што ја добил изнесува 222 илјади евра.