Rolls-Royce Ghost е модел-пионер кој чини “само“ 350.000 долари (од Rolls-Royce викаат дека тоа било евтино), а неговото “пионерство“ се однесува на тоа дека е првиот Rolls во историјата за кој е предвидено сопственикот да го вози сам. И се продава како алва...

Богатите сигурно многу се уплашија од рецесијата и решија да штедат, па поради тоа со ентузијазам се одлучуваат за мини лимузина која ќе ги ослободи од потребата да плаќаат и возач за истата. Толку се енузијастични, што е распродадено и целото септемвриско производство на овој “евтин“ автомобил.

Rolls-Royce Ghost кој името го по Rolls-ов автомобил произведен во 1906. година, беше официјално откриен минатата година на мото саем во Франкфурт. Има 6.6 литарски твин турбо V12 мотор со моќност од 563 КС и спаѓа во класата на поевтини модели од овој производител.

А, за да не се засекирате дека богаташите ќе се намачат возејќи и отворајќи си врати од автомобилот сами, ве известуваме дека одлично се продава и “долгиот“ Rolls-Royce Phantom на кој цената му почнува од 400.000 долари.
И.Е. | Кајгана