На претстојниот авто-салон во Женева, Toyota ќе ги претстави редизајнираните RAV4 и Auris. Новитет ќе биде и хибридно возило на база на Auris.

Toyota
Според фотографиите кои ги објави Toyota, новиот RAV4 добива многу посериозен изглед. Забележлива е хромираната решетка на предницата, како и фаровите за магла вградени во браникот. За жал, не се објавени фотографии од ентериерот. Новиот RAV4 ќе го доживее воето претставување на 4-ти март.
Auris HSD (Hybrid Synergy Drive) ќе биде првиот хибрид на Toyota кој ќе се произведува во Европа (во погоните на Toyota во Англија), а ќе го користи истиот погон на кој се движи Prius - 1.8 литарски бензинец со моќност од 98 КС кој во комбинација со електромотор добива вкупно 134 КС, а до брзина од 50 км/ч може да се движи исклучиво на електричен погон.

Д.Л.