
Nissan
Nissan ја претстави најновата, седма генерација на нивниот теренец Patrol. Култното off-road возило стана најлуксузно досега.
Nissan одлучи во Patrol да додаде луксуз, па во новиот модел се користени материјали како кожа, дрво и полиран алуминиум. Новиот дизајн на Patrol повеќе тежнее кон урбано возило, отколку кон off-road, а оваа промена во филозофијата на јапонскиот производител е сосема логична, затоа што само 15% од купувачите на Patrol го користат надвор од градските улици.

Patrol доби и нов мотор, па 4.8 литарскиот V8 сега е заменет со 5.6 литарски V8 кој развива 400 КС. Моторот е спарен со седмостепен менувач и електронски контролиран погон на сите четири тркала, кој на возачот му нуди четири режими на возење - за по улица, снег, карпести предели и по снег.
Д.Л.