
Volkswagen
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ денеска соопшти дека ќе гради нова фабрика во Кина, која во 2013. година ќе произведува 300.000 возила годишно.
Најголемиот европски производител на возила вели дека во Кина продал 950.000 автомобили во првата половина оваа година – 45,7 отсто повеќе отколку истиот период лани.
Фабриката во Јизенг, која ќе вработува 4.000 работници, е дел од планот на Фолксваген да ги удвои производните капацитети во Кина на три милиони возила до 2013-14 година.