
Audi
Audi во Женева го претстави својот нов најмал автомобил, кој во луксузниот сегмент на градски автомобили ќе му биде конкурент на Mini Cooper.
Audi за моделот А1 ќе понуди две нивоа на опременост во склоп на пакетот S-line . S-Line Exterior пакетот содржи нов сет на браници со поголеми всисувачи на воздухот напред, како и заден дифузер, поголеми спојлери, проширени браници и затемнет светлосен систем кои го прават поатрактивен надворешниот изглед на А1.

Пакетот S-Line Sport Package се однесува на унапредени возни особини со покруто подвозје, 17 и 18 инчни алуминиумски фелни. Во поглед на ентериерот, овој пакет содржи спортски седишта и кожен управувач.
Моторите кај A1 S-line остануваат исти - два бензински со 86 и 122 КС, како и два дизели со 90 и 105 КС.
Д.Л.