Oткако започна трендот на еколошки автомобили, се изнагледавме на секакви видови на возила со алтернативен погон, од оние кои се движат на пилевина, до оние кои користат метан од кравји фецес. Сепак, ова е прв пат да видиме еколошки концепт кој се движи на - кафе.

Да, добро прочитавте. Кафето, освен што има моќ да ве спречи да заспиете над тастатурата, може да го движи и вашиот автомобил. Додуша, со сегашните цени, не е баш исплатлива варијантава, ама е прилично фасцинантна.
Едукативната емисија на британското БиБиСи 1 „Bang Goes The Theory“ ја раскажува приказната за интересниот концепт со уште поинтересно име - Carr-puccino. Станува збор за модифициран Volkswagen Scirocco од 1998. кој визуелно потсетува на легендарниот DeLorean од филмската трилогија „Return To The Future“.
Според написот на графиката, првата фаза вклучува загревање на зрната кафе со согорување на дрвен јаглен, при што се создава водород и јаглерод моноксид. Потоа овие гасови се наосчуваат во ладилникот за да се олади и низ филтрите за да се изолираат крутите честички. Чистиот гас потоа се пренасочува во моторот со внатрешно согорување кој го користи како гориво.
Автомобилот постигнува 96 km/h, а со килограм кафе, независно од типот, може да помине пет километри, односно троши 56 еспреса на една милја.

БиБиСи планира да направи експеримент и со Carr-puccino да помине 335 километри од Манчестер до Лондон, што според предметките на Daily Mail би требало да чини меѓу 910 и 1.820 британски фунти за 70 килограми кафе, односно повеќе него што во моментов за истиот пат би платиле со автомобил кој се движи на бензин.
Сега знаеме и зошто досега не сме сретнале ваков концепт.
Б.И. | Кајгана