
Škoda
Škoda одлучи дека е време за редизајн на Fabia, па по три години егзирање во иста форма на пазарот, овој модел на чешкиот производител на автомобили доби "затегнување на брчките".
Редизајн ќе добијат сите три верзии на Fabia - хечбек, караван и лимузина, а промените не се однесуваат само на надворешните линии, туку и под хаубата.
Од визуелен аспект, промените се однесуваат на новата решетка на ладилникот и предните светла, како и новиот браник и дизајнот на алуминиумските фелни.
Наместо бензинците со зафатнина од 1.4 и 1.6 литри, Fabia доби 1.2 TSI верзија со 86 и 105 коњски сили, 1.2 TDI со 75 KС и 1.6 TDI со 90 и 105 KS, кои ќе ги заменат дизел моторите со зафатнина од 1.4 и 1.9 литри.
Официјалната премиера е наредната недела во Женева.
Д.Л.